Пронајден починат скопјанец, лице од Кочани фатено со „фалц“ евра
Х.А.(39) од с.Ратае, општина Јегуновце, пријавил дека пред спортски центар во Тетово му било одземено неговотo патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, кое го оставил незаклучено.
ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ СКОПЈАНЕЦ – На 22.08.2020 околу 20.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на ул.„Браќа Чакреви“ во Скопје бил пронајден починат В.Ч.(51). Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
КИЧЕВЧАНЕЦ ФАТЕН КАКО КРАДЕ ДРВА – На 23.08.2020 во 03.00 часот на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, полициски службеници сопреле патничко возило ,,поло“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(19) од Кичево. При извршен преглед на возилото, констатирано е дека тој превезувал буково огревно дрво, без соодветна документација. Известена е Шумската полиција, а возилото и огревното дрво се одземени. ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.
ПРИВЕДЕН ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ ЕВРА – На 23.08.2020 во 01.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода С.Ф.(43) од Кочани, поради тоа што при преглед кај него биле пронајдени 33 банкноти од 100 евра, со ист сериски број и други шест банкноти од 100 евра, со ист сериски број. Тој бил приведен во Полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ДВАЕСТИШЕСТГОДИШНИК ФАТЕН СО МАРИХУАНА – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Д.Е.(32) од с.Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 27.12.2019 во с.Зајас, полициски службеници извршиле преглед врз пријавениот при што пронашле и одзеле марихуана.
ОДЗЕМЕНА МАРИХУАНА ОД ВЕЛЕШАНЕЦ – СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.Ј.(29) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 15.11.2019 на ул.„Ангел Мишев“ во Велес, полициски службеници забележале дека Т.Ј. му дал ќесе со марихуана на М.Х.П.. Веднаш потоа, полициски службеници ги запреле двајцата и при преглед кај М.Х.П. била пронајдена и одземена марихуана.
ПРИЈАВИЛ ДЕКА БИЛ НАПАДНАТ СО ТВРД ПРЕДМЕТ – На 22.08.2020 во 15.35 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(21) од Скопје пријавил дека околу 11.45 часот на бул.„АСНОМ“ бил нападнат со тврд предмет од К.Н. и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОЖАР ВО ИНЏИКОВО – На 22.08.2020 околу во 20.50 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека во с.Инџиково, скопско, настанал пожар во нива со пченица. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгасзнат, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот.
ПРИЛЕПЧАНЕЦ ПРЕТЕПАН ОД ДВЕ ЛИЦА – На 22.08.2020 во 22.45 часот во Полициската станица Прилеп, П.К.(40) од Прилеп пријавил дека околу 21.20 часот, на патот кон вештачкото езеро „Прилеп“, бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.
ГО ПРИЈАВИЛ СВОЈОТ ТАТКО ДЕКА ИСЧЕЗНАЛ – На 22.08.2020 околу 07.30 часот во Полициското одделение Петровец, И.П.(55) од с.Петровец пријавил дека од домот во с.Петровец се оддалечил неговиот татко С.П.(84). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
ГО ОСТАВИЛ ОТКЛУЧЕН, ПА МУ ГО УКРАЛЕ АВТОМОБИЛОТ – На 22.08.2020 во 18.10 часот во Полициската станица Тетово, Х.А.(39) од с.Ратае, општина Јегуновце, пријавил дека пред спортски центар во Тетово му било одземено неговотo патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, кое го оставил незаклучено. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и за целосно расчистување на случајот.