По текстот во босански „Аваз“ и разговорот со Селмир Шљивиќ, кој му помогнал на расплаканиот Зухдија Алиќ, бидејќи непознати мажи му ги украле капините кој ги продавал покрај автопатот, случајот предизвика голем интерес во целиот регион.
Мајката на детето му изразила голема благодарност на Шљивиќ и на сите кои како што вели, се потрудиле за нејзиното дете. Таа раскажала дека откако се слушнало за случајот, постојано и се јавуваат луѓе кои и нудат помош.
– Постојано се јавуваат луѓе, некои доаѓаат ии дома и не прашуваат што ни треба – вели Сенада, мајката на Зухдија.
Приказната што му се случило ја раскажа и Зухдија.
– Јас вчера продавав капини и наиде комби во ке беа двајца мажи. Застанаа и ме прашаа колку чинат капините, на што им одговорив дека чинат 10 марки. Побараа од мене капините да им ги ставам во кеса и тоа го направив. Потоа тие само си отидоа. Јас почнав да плачам, а после 10 минути се појави човек кој ми помогна – раскажа за „Аваз“ Зухдија Алиќ.
Семејството Алиќ вели дека на Зухдија му се јавила и една наставничка од училиштето и рекла дека сака да помогне.
Фото: Фејсбук