Заев ги соопшти имињата на министрите од редовите на СДСМ

Заев рече дека ќе има 4 вицепремиерски места и повеќе директорати.

1,790

Заврши седница на Централниот одбор на СДСМ на која е донесоа одлуки за составот на идната влада предводена од СДСМ на чело со Зоран Заев како премиер.

Заев на прес-конференција по седницата на Централниот одбор ги соопшти имињата на министрите во новата македонска влада:






Љупчо Николовски – вицепремиер за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси

Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија

Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања

Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи

Радмила Шекеринска – министерка за одбрана

Венко Филипче – министер за здравство

Мила Царовска – министерка за образование и наука

Бојан Маричиќ – министер за правда

Благој Бочварски – министер за транспорт и врски

Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика

Ирена Стефоска – министерка за култура

Предизборниот коалиционен партнер на СДСМ, партијата БЕСА, го добива ресорот земјоделство, додека ЛДП го дава министерот  за локална самоуправа. Овие два министри дополнително ќе се утврдат од двете партии.

Заев рече дека од 19 министерства, колку ќе има во новата влада, 11 се на СДСМ. .

Владата ќе има 4 вицепремиери од кои еден предложен од ДУИ и тројца предложени од СДСМ.

Прв вицепремиер кој ќе го заменува премиерот кога тој не е тука ќе биде Артан Груби кој ќе го има во надлежност политичкиот систем.

Од редовите на СДСМ вицепремиери ќе бидат Љупчо Николовски за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, Фатмир Битиќи за економија, како и Никола Димитров за европски прашања.

Приоритети на новата влада, како што рече  Заев, ќе бидат економијата, судските реформи, капиталните инфраструктурни проекти, животната средина и вложувањата во здравството. Продолжува имплементацијата на договорите со Грција и Преспа, како и Охридскиот рамковен договор.

– Имавме доволно големина и јас и Ахмети, и СДСМ и ДУИ, да се согласиме јас да ја водам Владата четири години, а последните сто дена премиер да биде предлог од ДУИ со заедничка согласност. Парламентарното мнозинство ќе го почитува духот на заедничкото работење кое подразбира конструктивност, дијалог, респектирање на туѓо мислење базирано на аргументи и градење консензуална демократија, наместо паралелизам, етноцентризам и надгласување. СДСМ и ДУИ веќе ги усогласуваат своите изборни платформи во заедничка четиригодишна владина програма – рече Заев.

 

Поврзани содржини