Тајсон нокаутираше ајкула во третата рунда (ВИДЕО)

Од сето ова научив дека можам да се соочам со сè што ми прави проблеми во животот - изјавил Тајсон.

941

Боксерот Мајк Тајсон учествувал во „Недела на ајкули“ која се прикажува на „Дискавери“, па неговата задача била да помине три рунди, а меѓу другото морал да нокаутира вистинска ајкула.

Најпрво бил во кафез, а потоа се нашол во водата, додека, пак, во третата рунда извел зафат со кој ја парализирал ајкулата.






Како што објавија медиумите, станувало збор за тоничка неподвижност којашто ајкулата ја парализира на одредено време, а тој трик го користеле и морнарите во минатото.

– Го прифатив предизвикот со цел да го надминам мојот страв. Но, мора да признаам дека бев преплашен до смрт. Сè уште се плашам во животот и тоа го споредувам со надминување на стравот од враќањето во рингот. Од сето ова научив дека можам да се соочам со сè што ми прави проблеми во животот – изјавил Тајсон.

Поврзани содржини