Употребата на марихуана за време на бременост го зголемува ризикот од развој на аутизам кај детето

638

Во најголемата студија направена било за употребата на марихуана за време на бременоста, истражувачите откриле дека бремените жени кои користат марихуана можат да го зголемат ризикот од развој на аутизам кај детето, пишува српскиот портал Б92, повикувајќи се на Си-Ен-Ен.

„Кај жените кои користеле канабис за време на бременоста има 1,5 пати поголема веројатност да имаат дете со аутизам. Ја обесхрабруваме употребата на канабис за време на бременост“, вели авторката на студијата д-р Дарин Ел-Чар, клинички истражувач од Отава, Канада.






Претходните истражувања покажале дека употребата на марихуана за време на бременоста е поврзана со малата тежина на бебето при раѓање, но и со импулсивноста, хиперактивноста, нарушувањето на вниманието на вниманието и со други проблеми кај децата.

Поврзани содржини