Хрватската пејачка Северина Којиќ е позитивна на коронавирусот, како што самата објави вчера на Инстаграм.
„Иако немам никакви симптоми, денеска добив потврда дека сум позитивна на ковид-19, додека тестот на мојот син е негативен“, истакна пејачката.
Пејачката веднаш, по контактот со епидемиологот, ги преземала сите мерки, потоа го известила таткото на детето и во договор со него му го предала два дена пред одредениот термин, за да ја помине самоизолацијата со него, без разлика на негативниот тест.
Пејачката истакна дека нема симптом.
„За да ја заштитиме заедно приватноста и да избегнеме стигматизација на детето, го замолив таткото на детето за дискреција. Меѓутоа, 20 минути откако го презеде детето, во српските медиуми се поајви веста дека сум заразена „лумпувајќи низ Далмација со детето““, вели Северина, и додава:
„Значи, јас имам позитивен тест, немам симптоми, се заразив од блиска личност, веројатно по враќањето во Загреб, а не за време на летувањето во Далмација. Земајќи предвид дека тоа лице вчера доби позитивен тест, син ми и јас веднаш отидовме да се тестираме повторно бидејќи првиот тест излезе негативен“, раскажува Северина на Инстаграм.