Коронавирусот најден на пакувања со смрзнати ракчиња од Еквадор

1,403

На смрзнати пакувања со ракчиња увезени во Кина од Еквадор е најден новиот коронавирус, објави Ројтерс.

Коронавирусот е најден на пакувањата со смрзнати ракчиња купени од ресторан во градот Вуху при рутинска инспекција на локалните власти во источната кинеска провинција Анхуи, јави кинеската телевизија CCTV.






Претходно, пристаништен град во источната провинција Шандонг соопшти дека е најден вирусот на пакувања со смрзната храна без да кажат од каде потекнуваат тие пакувања.

Од јули наваму, неколку кинески градови, вклучувајќи ги и пристанишните градови Џиамен и Далиан, соопштија за случаи на сомнителен увоз на производи со ракчиња од Еквадор, што ја поттикна Кина да го суспендира увозот од три производители на ракчиња од таа земја.

 

Поврзани содржини