Демонстрации во Белорусија, најмалку 50 повредени и над илјада уапсени
Во текот на ноќта на 11 август и во утринските часови на 12 август, регистрирани се нелегални собири на граѓани на 25 локации. Повеќе од илјада лица коишто учествувале во илегални масовни демонстрации беа уапсени и приведени - се вели во соопштението на полицијата.
Повеќе од 50 лица се повредени во синоќешните протести во Белорусија, соопшти Министерството за здравство.
– Синоќа 51 лице е повредено и е примено во ургентни центри и болници во Белорусија, а на сите им е укажана целосна медицинска помош – се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Министерството за внатрешни работи на Белорусија соопшти дека повеќе од илјада лица кои учествувале на нелегални демонстрации се приведени во минатата ноќ.
– Во текот на ноќта на 11 август и во утринските часови на 12 август, регистрирани се нелегални собири на граѓани на 25 локации. Повеќе од илјада лица коишто учествувале во илегални масовни демонстрации беа уапсени и приведени – се вели во соопштението на полицијата.
Истражните тела покренаа 17 кривични пријави против лица кои учествувале во нападите врз припадници на полицијата, се додава во соопштението на полицијата.