Ќерките ги принудува истовремено да забременат за да се спаси од банкрот ФОТО

6,288

Веќе извесно време се шпекулира во медиумите дека најпознатото ријалити семејство, Кардашијан-Џенер, полека ја губи армијата на обожаватели, а со тоа и големата количина пари што се слеваат во семејниот буџет. Гласините за банкротот и кризата во семејството дополнително ги раздрма раперот Канје Вест, сопругот на Ким Кардашијан, кој пред десетина дена на Твитер изнесе низа обвинувања на сметка на сопругата, но и за нејзината мајка, една од најпознатите менаџерки во шоубизнисот, Крис Џенер, индиректно зборувајќи дека таа не избира начин на кој ќе дојде до пари.

Во тоа на прилог одат и наводите на магазинот „Стар“ кој пишува дека 64-годишната Крис ги присилува своите ќерки, 41-годишната Кортни и 24-годишната Кендал, истовремено да забременат за да ја кренат гледаноста на емисијата „Во чекор со Кардашијан“ и на тој начин да го спасат семејството од банкрот.






Исто така, истиот магазин наведува и дека Крис сака да ја зголеми гледаноста и со тоа што ќе ги смири 36-годишната ќерка Клои и таткото на нејзината двегодишна ќерка Тру, 29-годишниот кошаркар Тристан Томпсон, кој ја изневери, меѓу другото, и со најдобрата пријателка на нејзината сестра Кајли.

Меѓутоа, според шпекулациите на порталот „Gossip Cop“, мала е веројатноста тоа навистина да се случи, особено кога се работи за забременувањата. Кортни веќе е мајка на три деца, нејзиниот најстар син Рејн има пет години, па така најстарата сестра од семејството Кардашијан-Џенер, не планира да има повеќе деца, особено не сега кога веќе влегува во својата 42 година. Од друга страна, пак, Кендал е една од најплатените манекенки во светот и  јасно даде на знаење во неколку интервјуа досега, дека сѐ уште не планира да има деца.

Brune and Kris Jenner | Alberto Frank | Flickr
Kim Kardashian wearing Benjamin Eyewear "Cindy" | #3298982 K… | Flickr
Kris Jenner in Badgley Mischka | Photo by Getty Images for H… | Flickr
FOTO: Instagram
Поврзани содржини