Со чаша млеко врз главата го преплива базенот ВИДЕО
По испливаните 50 метри во базенот, Кети се напи од полната чаша млеко која ја пренесе од едната на другата страна од базенот пливајќи со неа на главата, без ниту една капка од млекото да падне во водата.
Олимписката шампионка во пливање Кети Ледецки направи уникатен и редок пливачки подвиг со кој ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи, каде што ја сподели снимката од истиот.
Имено, таа сними видео на кое покажа дека може да го исплива базенот со чаша полна со млеко на главата без тоа да се истури.