Почина писателката Исидора Бјелица

2,855

Почина познатата српска писателка Исидора Бјелица, објави Блиц.рс.

Педесет и двегодишната Бјелица се бореше со канцер од 2012 година.






Според српски медиуми, таа денеска починала во домот на своите родители во Нов Белград.

„Не сакав да ве малтретирам, мислев дека можам сама. Меѓутоа, ова се толку ужасни физички и психички маки, поради што ќе ве замолам да се молите на Господ да простува и веќе да заврши агонијата“, напиша Бјелица пред еден месец на својот профил на Фејсбук.

Исидора Бјелица е родена на 10 декември 1967 година каде и завршила гимназија, а потоа дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Белград, отсек драматургија, и магистрирала со тезата „Технотрилер како современ облик на трагедија“.

Авторка е на над 40 книги посветени на различни генерации, а освен тоа пишувала и повеќе театарски текстови и радио драми.

Режисерка е на филмот „Дорќол-Менхетн“, а во театар ја режираше „Сарајка во Белград“ и комедијата на својот сопруг, Небојша Пајкиќ, „Мархатана“.

Како телевизиски автор работеше на неколку проекти, од тоа „Клот-Фркет“ на БК телевизија и БН телевизија и „Љубовниот водич на Исидора“ на телевизијата Метрополис.

Исидора беше позната по капите кои ги носеше и кои беа нејзин заштитен знак.

Бјелица беше во брак со драматургот Небојша Пајкиќ, со кого го имаат синот Лав Григориј и ќерката Вила Евангелина.

 

Поврзани содржини