Украинска манекенка објави дека била претепана на плажа во Турција
Од друга страна, управата на плажата вели дека групата во која била и манекенката се меѓусебно се тепале, а обезбедувањето се обидело само да ги раздели.
Манекенката Дариа Кирилиук (24) од Украина тврди дека била претепана од обезбедувањето на плажата Момо во турското одморалиште Чесме. Како доказ таа објавила фотоградија од себе на која е покриена со крв и има расечена аркада.
– Не сакам да молчам, сакам да кажам што ми се случи на мене, на моето момче и нашите пријатели. Бевме нападнати од обезбедувањето на плажата. Четири девојки, меѓу кои и јас, не удираа по лице, а момчињата се тешко повредени. Целиот настан го раскажавме во полиција – напиша таа.
Од друга страна, управата на плажата вели дека групата во која била и манекенката се меѓусебно се тепале, а обезбедувањето се обидело само да ги раздели.
Меѓутоа, манекенката Кирилиук тврди дека тоа е невистина.
– Факт е дека не сакаат да ги објават снимките од плажата докажува дека нешто сакаат да сокријат – тврди таа.
Нејзината објава беше лајкувана од 117.000 луѓе, што е интересно затоа што таа има вкупно 120.000 следбеници.