А Музејот за современа уметност кога ќе го рушите?

3,587

ГТЦ им беше симбол пред падот на режимот.

Нацртаа неколку графити, направија булшит градина од пола милион евра, бапнаа дури и лифт покрај култните скали, па ги откажаа.






Универзална им беше симбол за пред последните локални избори, па ветуваа секоја година, еве само што не сме почнале со реновирање имаме пари, сега викаат – руши ја.

Се прашува човек, ќе дојде утре време Музејот на современа уметност да се реновира, тој денес им е омилен за партиски трибини и срања, што би правеле тогаш, би го рушеле?

Некоја убава летна сцена како би легнала таму, ко видиковец.

И ќе излезе некој паметњакович и ќе каже: Абе Универзална нема везе, времен објект беше, ионака ќе се рушеше, не вреди ко другите.

Ако служела преку 50 години, и станала културен симбол на градот, и ако е дотраена до степен да не може да се реконструира, а нема што не може, изгради ја од ново, ќе трае уште 50 години.

Клошари смешни, се утепавте од сликање пред избори.

(ФБ статус на авторот)

Поврзани содржини