Италијани за 8.000 евра договарале бракови со странци за дозвола за престој, сега ги гони полицијата

Сумата што ја плаќале државјани кои не се членки на ЕУ се делела меѓу сопружниците со италијанско потекло, меѓу кои имало 15 мажи и девет жени од Ливорно, 55-годишен маж од Доминиканската Република, кој бил „агент за венчавки“.

450

Во Италија 56 лица се под истрага за договорени бракови на италијански државјани со странци од земји кои не се членки на ЕУ со цел да добијат дозвола за престој.

Истрагата на италијанската финансиска гарда и јавниот обвинител во Ливорно, во Тоскана, опфатила 24 свадби во Ливорно и една во општината во местото Розињано Маритимо.






Секој договорен брак бил платен меѓу 6.000 и 8.000 евра, јавуваат италијанските медиуми.

Сумата што ја плаќале државјани кои не се членки на ЕУ се делела меѓу сопружниците со италијанско потекло, меѓу кои имало 15 мажи и девет жени од Ливорно, 55-годишен маж од Доминиканската Република, кој бил „агент за венчавки“ и други кои во неколку наврати соработувале во организирањето на свадбите.

На повеќето странци им била дадена дозвола за престој врз основа на овие бракови, а 15 се од Доминиканската Република, додека останатите се од Перу, Нигерија, Мароко, Тунис, Куба и Сенегал.

Поврзани содржини