Поранешниот управител на имотот на Џони Деп пронашол отсечен врв од прстот на актерот

896

Поранешниот управител на имотот на холивудската ѕвезда Џони Деп, во средата пред лондонскиот Висок суд изјавил дека пронашол отсечено парче од прстот на актерот по неговиот конфликт со поранешната сопруга Амбер Херд.

Деп (57) го тужи издавачот на британскиот таблоид за клевета поради статијата од 2018 година во која го нарекоа „тепач на жени“.






Бен Кинг, кој работел во Деп помеѓу 2014 и 2015 година, рекол дека Амбер Херд била таа што предизвикувала и го угнетувала додека бил во врска со Деп и дека тие се карале како деца.

Кинг, кој бил вклучен во операцијата за чистење по наводниот инцидент на изнајмениот имот во Австралија во 2015 година, рекол дека го нашол отсечениот врв на прстот на Деп.

– Беше спомнато дека би можел да биде некаде и го најдов додека чистев – рекол Кинг.

Деп претходно раскажал како Херд му го отсекла прстот кога на него фрлила шише вотка.

 

За време на петдневното сведочење, Деп рекол дека обвинувањата на Херд за семејно насилство од 2013 до 2016 година се лага и дека таа редовно го напаѓала него.

Херд треба да започне со презентирање на доказите в петок, додека долгогодишната поранешна партнерка на Деп, француската актерка и пејачка Ванеса Паради, треба да се појави на суд преку видеоврска денеска..

Поврзани содржини