Финансиската ситуација на Роберт де Ниро се влошила поради пандемијата на коронавирусот одговарајќи на финансиските барања на неговата поранешна сопруга, тврдат неговите адвокати, .
Славниот холивудски актер Роберт де Ниро (76) е во процес на бракоразводна парница од 11 години помладата Грејс Хајтауер.
Двојката потврди дека се разведува во 2018 година по 21 година брак, а Грејс по судски пат побара месечниот лимит на кредитната картичка да ѝ се врати од 50.000 долари на 100.000 долари.
Но, финансиската ситуација на Де Ниро се влошила, поради што лимитот е намален.
Освен со намалувањето на лимитот, Де Ниро ја збеснал поранешната сопруга и поради тоа што нејзе и на децата, осумгодишната ќерка Хелен и 21-годишниот Елиот, им забранил приста во неговиот домот во Њујорк.
Адвокатката на Де Ниро, Каролин Краус, вели дека приходите се намалени поради затворањето на синџирот ресторани „Нобу“ и хотелот „Гринвич“, чиј косопственик е актерот.
Како што пренесува „Пејџ сикс“, Краус објаснила дека „Нобу“ во април забележал губиток од три милиони долари. Де Ниро мора да им плати на инвеститорите половина милион долари, кои ги позајмил од деловните пари бидејќи „немал пари“.
Во предбрачниот договор на Де Ниро и Хајтауер пишува дека тој мора да ѝ исплаќа милион долари секоја година кога ќе заработи 15 милиони долари или повеќе, а ако приходите му опаднат, нејзе ѝ се намалува и исплатата. Оваа година тој во најдобар случај би можел да заработи 7,5 милиони. Пореален е износот од 2,5 милиони во 2020. и 2021 година.
Поради тоа, Де Ниро драстично ги намалил своите трошоци. Судот одлучил да се одржи кредитниот лимит од 50.000 долари, но актерот на поранешната сопруга ќе мора да ѝ даде дополнителни 75.000 долари за таа да може да ја плати куќата за одмор за себе и за нивните две деца.