Белград: Снимки од демонстрантите кои беснеат пред Собранието (ВИДЕО)
Хулиганите со фантомки на глава фрлале со камења и шишиња кон припадниците на полицијата, но засега полициските сили не одговараат на нападите.
Група демонстранти ја нападнаа вечерва зградата на српскиот Парламент, пробивајќи ја заштитната ограда пред влезот на законодавниот дом и со неа почнале да ја гаѓаат вратата, но полицијата веднаш реагирала и ја отстранила.
Хулиганите со фантомки на глава фрлале со камења и шишиња кон припадниците на полицијата, но засега полициските сили не одговараат на нападите.
Голем број демонстранти се повлекуваат пред напаѓачите, а кородни полиција се распоредени околу Парламентот.
Вратите на Парламентот цело време биле затворени, а групата демонстранти ги повикувала останатите да им се придружат.
Искрешени се и надзорните камери, а се слушаат и „топовски удари“.
Претходно, се случи инцидент, во кој на едно лице му е нанесена повреда со нож, а потоа се уапсени три лица.
Како што објави локалните медиуми, приведените се веднаш префрлени со полициско возило во станица.
Ovo su huligani koji ruse zastitnu ogradu kod skupstine, bacaju pirotehnicka sredstva na vrata skupstine i pokusavaju da udju u zgradu. pic.twitter.com/WEvSMizsjN
— Marko M. Dragoslavic (@DragoslavicM) July 10, 2020