Во Франција почнува масовна кампања на тестирање на коронавирусот

142

Регионалната здравствена агенција во Бретања почна со јавна кампања за вирусни и серолошки тестови на ковид-19, со која ќе бидат опфатени 63.000 лица во пет општини во Кот д’ Амор, јави дописникот на МИА.

Овој експеримент е дел од еден глобален пристап за поголемо тестирање и идентификување на асимптоматски случаи. Целта е да се осигураме дека не постои непозната циркулација на вирусот, се наведува во соопштението на здравствената агенција.






Кампањата ќе се организира на доброволна основа со испраќање на „ваучери“ во текот на месец јули, по електронска пошта или пошта до сите осигуреници од општото и заемното здравствено осигурување за погодените општини. Граѓаните дури и да немаат симптоми, ќе можат бесплатно да се тестираат.

Слична кампања веќе почна на крајот на јуни во 32 француски градови, при што беа испратени ваучери до 1,3 милиони лица да направат виролошки тестирања.

Поврзани содржини