Ангеловска даде отчет на Фејсбук за својата работа (ВИДЕО)
Во својот отчет таа се пофали со 38 мерки и проекти со кои ја зголеми тренспарентноста на Министерството за финасии:„Отворени финансии", „Јавен Долг" и „Капитални расходи".
Министерката за финансии денеска преку видео објавено на фејсбук даде отчет за своето работење изминатите 10 месеци колку што е на функцијата.
Во својот отчет таа се пофали со 38 мерки и проекти со кои ја зголеми тренспарентноста на Министерството за финасии:„Отворени финансии”, „Јавен Долг” и „Капитални расходи”.
Таа вели дека почнале со многу силно темпо, а ковидкризата донела уште посилно темпо и турбулентен период кога се донесени мерките за помош на компаниите и работниците.
Посебен предизвик, како што вели бол реализација на Домашната платежна картичка и поставувањето нови стандарди и дебрократизацијата на имплементацијата на мерките.
Ангеловска во отчетот ги нагласува и донесувањето на Буџетот со кој се инвестира во човечки капитал во кој беа вградени поголеми плати за здравствените работници од 5%-25% и за просветните работници за 10%, поголеми пензии за 700 денари, повеќе пари за мерки за вработување, за поддршка за покачени плати во приватниот сектор. Исто така замрзнување на прогресивното оданочување, како што вели „не затоа што не веруваме туку затоа што веруваме дека има подобар начин и тајминг за ваква реформа“, како и процесот на справување со сивата економија.
Според неа, важно е да се спомене и подигањето на прагот за ДДВ обврзници од 1 на 2 милиони денари, лансирањето на МојДДВ МојаНаграда и враќањето на 11 милиони евра ДДВ на повеќе од 200.000 граѓани кои скенираат сметки со МОјДДВ, како и обезебдувањето 136 милиони евра за најголемиот еколошки проект во земјава.