Град Скопје ќе набавува украсни керамички плочки за секое новороденче.
Градот вчера објавил оглас за јавна набавка на украсни плочки за секое новородено дете, каде во описот е наведено дека станува збор за керамички плочки за обложување.
Критериум за доделување на договорот е најниска цена, а договорот е предвиден да трае 12 месеци.
Отворањето на понудите ќе биде на 16. јули 2020 година во Одделението за јавни набавки во Град Скопје.