Комбе со мигранти удрило во три возила во Струмица, тројца повредени

202

Комбе со кочански таблички, управувано од возач од Кочани, во кое се превезувале поголем број мигранти, денеска во 11:50 часот предизвика тешка сообраќајка на крстосницата на улиците „Младинска“ и „Браќа Минкови“ во Струмица. Повредени се три лица.

– Тројца мигранти се донесени во болницата. Од нив, еден е со потешки, а двајцата со полесни повреди. Потешко повредениот се подготвува за влез во операциона сала – изјави за МИА, директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов.






Според очевидци, комбето се движело со голема брзина и удрило во три возила, од кои две биле паркирани. По несреќата, дел од мигрантите избегале од местото на сообраќајката.

Полицијата врши увид, а повеќе информации се најавуваат за подоцна.

 

Поврзани содржини