Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва се обрати на граѓански собир во Куманово, заедно со носителите на пратеничката листа во Изборна eдиница 2, техничкиот премиер Оливер Спасовски и Сања Лукаревска.
Пред граѓаните, претседателот Заев се осврна и на понудата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето а нивниот претседател Христијан Мицкоски и натаму нема став за ниту едно важно прашање.