Филипче: Гевгелиската болница одлично справува со коронавирусот

Покрај ова, на средбата со медицинскиот персонал во Гевгелија, се разговарало и за организацијата на работата во летните месеци, но посебно на есен кога покрај заболените од ковид-19 се очекува да има посебен притисок и од пациенти заболени од сезонски грип или доколку повторно се јават морбилите.

273

Гевгелиската Општа болница во која нема ниту еден заразен доктор, ниту пак медицинска сестра, е одличен пример за успешно справување со коронавирусот, истакна министерот за здравство Венко Филипче при денешната работна посета на која оствари средба со дел од персоналот на болницата.

– Персоналот и епидемиолозите од болницата одлично се справија со оваа криза преку заедничка работа и благовремено споделување на информации меѓу докторите од претклиничките и клиничките специјалности,навремено се пристапи во брза идентификација на заболените со ставање на нивните контакти во изолација и сега во последните неколку дена практично нема новозаразени од Ковид-19 во Гевгелија – нагласи Филипче.






Тој ја пофали болницата дека е одлично подготвена и оти има дел во кој посебно се примаат пациентите за тријажа односно проверка дали се позитивни на вирусот или не, се прави анкета со нив и заради тоа, посочи, Гевгелија е градот во кој многу малку епидемиолозите имаат проблеми со неточни информации за разлика од нивните колеги од другите градови.

Покрај ова, на средбата со медицинскиот персонал во Гевгелија, се разговарало и за организацијата на работата во летните месеци, но посебно на есен кога покрај заболените од ковид-19 се очекува да има посебен притисок и од пациенти заболени од сезонски грип или доколку повторно се јават морбилите.

Болница има капацитет од вкупно 130 болнички кревети. Болницата во Гевгелија има 233 вработени, 48 доктори (31 специјалист, 5 доктори на медицина и 12 на специјализација), 2 специјалисти стоматолози  и 1 доктор на стоматологија, медицински персонал 132, помошно технички и административен персонал 50.
Оваа болница опслужува околу 50.000 граѓани од 4 општини: Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.
Поврзани содржини