Зибери од Гостивар: Државата ќе покрие 50% од социјалните придонеси за секое вработување
Зибери се осврна и на евро-атлантска иднина на нашата земја, како членка на НАТО, а наскоро и на ЕУ.
Нула данок на добивка за секое првовработено лице под 35-годишна возраст ,стимул/подршка од 1.500 евра за компаниите, од 5.000 до 10.000 евра за малите и средни компании за купување опрема се дел од она што го вети кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери, денеска во Гостивар каде што ја посети компанијата „Монтенегро“.
– Денешната посета на компанијата „Монтенегро” претставува позитивен пример за тоа како треба да работи нашето мултиетничко општество. Овде вие работите заедно: Албанци, Македонци, Турци. Вие се поддржувате едни со други, вие сте соработници, а некои од вас се дури и пријатели. Сепак, ова сѐ уште не е вообичаена состојба во нашето општество – рече Зибери.
Тој додаде дека нашите заедници сѐ уште се поделени во многу области од нашето општество, дури и во економијата.
– Ова е едно од многуте прашања на коишто сакам веднаш да се посветам како прв премиер Албанец на Северна Македонија. Додека во изминатите две години, еднаквоста во јавниот сектор и во администрацијата се подобри во голема мера, во приватниот сектор сѐ уште сме далеку од тоа што го
нарекуваме еднакви можности. Кога зборувам за еднаквост, не зборувам само за Албанците, туку и за Турците, Бошњаците и другите малцинства, а исто така и за Македонците. Бидејќи, еднаквоста не е неопходна само за современото општество, туку ја зајакнува и економијата- рече Зибери,
Притоа тој потенцира дека како прв премиер Албанец, ќе биде премиер за сите и ќе овозможи обединување на општеството.
Зибери се осврна и на евро-атлантска иднина на нашата земја, како членка на НАТО, а наскоро и на ЕУ, притоа додавајќи дека пред нашата земја стои шанса да го надмине минатото, да доведе до обединување на сите и да се движи напред.
– Изборот на првиот премиер Албанец, прв со немнозинска етничка припадност, е сигнал за целиот свет. Доказ дека Северна Македонија е дел од модерната Европа и дека е далеку понапред во регионот, со зрела демократија и рамноправно општество – додаде тој.
Тој вети дека откако ќе биде избран за премиер, една од првите негови иницијативи ќе биде да се зголеми еднаквоста во приватниот сектор, при што за секое ново вработување, што подобрува еднаква застапеност во компанијата, државата ќе покрие 50 проценти од социјалните придонеси, оваа мерка, ќе биде мотивирачки за сопствениците на деловни активности да ја зголемат еднаквоста во нивните компании и да создадат амбиент на еднакви можности.
Зибери истакна дека економската преродба – еднаква за сите! покрај зголемувањето на еднаквата застапеност, ќе овозможи поддршка особено на малите и средни претпријатија, не само за надминување на кризата и обезбедување на постојните работни места, туку и за зголемување на платите и создавање нови работни места, која ќе треба да ги охрабри претприемачите да инвестираат во иднина, во иднината на нивните компании, но и во иднината на луѓето.
За таа цел се планирани низа мерки и стимулации за нови вработувања, како што се : нула данок на добивка за секое лице вработено под35-годишна возраст а за компанијата стимул/подршка од 1.500 За малите и средни претпријатија, ќе им се доделат од 5.000 до 10. 000 евра за купување опрема, а се во насока на обезбедување наеднакви можности во економијата и добро платени работни места за сите
граѓани.