По два негативни тестови, градоначалникот Георгиевски ја напушти Инфективна

Тој упати голема благодарност до сите вработени и целиот медицински тим. Исто така истакна дека донирал 10 навлажнувачи на кислород и 1 дигитален апарат за мерење на крвен притисок.

383

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски со два негативни теста на ковид-19, ја напуштил Клиниката за инфективни болести и е пуштен на домашно лекување.

Тој упати голема благодарност до сите вработени и целиот медицински тим. Исто така истакна дека донирал 10 навлажнувачи на кислород и 1 дигитален апарат за мерење на крвен притисок.






– Драги пријатели, сакам да ве известам дека по извршени два негативни тестови ја напуштив Клиниката за инфективни болести и од денеска сум дома и продолжувам со домашно лекување, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Гази Баба Борче Георгиевски.

Упатувам голема благодарност до целиот медицински тим на Клиниката, за нивната огромна пожртвуваност и храброст да помогнат на секој пациент кој се бори со ковид-19. Од моја страна, како знак на благодарност за херојството и поддршка за целокупниот медицинскиот персонал, денес донирав 10 навлажнувачи за кислород и 1 дигитален апарат за мерење на крвен притисок за Клиниката за инфективни болести.

Ви благодарам на целата ваша поддршка која ми ја давата овие недели.

Ве молам чувајте се сите, почитувајте ги здравствените препораки и носете заштитна опрема – објави Георгиевски на „Фејсбук“.

Поврзани содржини