Фејсбук и Гугл не влегоа во Македонија, ама пак затоа забеганото СДСМ влезе на Фејсбук и Гугл, со една цел- крадење фотографии за свои непостоечки проекти, реагира Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Дарко Каевски од агенцијата за млади и спорт и Бочварски градоначалникот на Штип сега се фалат со- фотографии од- внимавајте од Јужноафричка Република! Базенот од приватно училиште во Јоханесбург, одеднаш станува базен во Штип! И со тоа се фалат, не еден туку двајца функционери од забеганото СДСМ – и Каевски и Бочварски! По фалења со фотографии од Германија, од Франција, од Индонезија од островот Бали и Тајланд, по лажните слики за проекти од Шпанија и нечиј гасовод, на ред дојде и базен од Јужноафричка Република! Ете тоа е забеганото и аздисано СДСМ, тоа е Зоран Заев, немаат со што да се пофалат на крај на нивниот мандат па крадат фотографии од странство, прикажувајќи ги како свои капитални проекти – рече Каевски.
Тој потсети дека минатата недела Зоран Заев се фалел со фотографии од Гугл за пречистителни станици и за водовод и канализација со крадени интернет фотографии од Шпанија и странски гасовод.
– Сега неговите пулени Каевски и Бочварски вадат интернет фотографии прават флаери со фотографии од базен од Јоханесбург, како проект во Штип! Ова е класична измама, ова е класична лажна вест , класични лажни вести продуцирани од забеганото и аздисаното СДСМ – рече Стоилковски.