Ме радува ставот на поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху. Неговите пораки упатени до верниците дека коронавирусот е се уште тука се значајни за подигање на свеста кај граѓаните, објави на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој додава:
– Поглаварот посочи дека вирусот е опасен и брзо се шири и побара од своите верници да ги почитуваат мерките за заштита и препораките на стручните лица, со што покажа одговорност кон состојбата во земјата. Сметам дека е исклучително важно сите чинители во општеството да се вклучат во борбата со коронавирусот. Секој во својот круг на делување може да влијае на свеста на граѓаните и да укажува дека само со почитување на мерките можеме да ја надминеме оваа состојба – порача Филипче.