Вашингтон и Мексико се согласија да ја продолжат до 21 јули забраната за патувања, кои не се неопходни по копнен пат меѓу двете земји поради спречување на ширењето на ковид-19, соопшти денеска мексиканското Министерство за надворешни работи.
– Рестрикциите остануваат исти откако се воведени на 21 март. Двете земји ќе продолжат да ги координираат санитарните мерки на границата. Мерките остануваат во сила до 21 јули – напиша Министерството на Твитер.
САД денеска го продолжија затворањето на границите и со својот северен сосед Канада до 21 јули поради новиот коронавирус.