Автомат клубовите „Астра“ донираа дезинфекциски средства вредни 20.000 евра на Охридската болница

322

Започна вториот дел од хуманитарната акција на компаниите членки на Групацијата „Новоматик“ во Македонија, со донација на дезинфикциски средства на ЈЗУ Општата болница во Охрид од страна на автомат клубот „Астра“ во износ од 20.000 евра.

Оваа кампања започна минатата недела при што се донираа и медицински електрични кревети на здравствените институции кои се на првата линија во борбата против пандемијата од ковид-19, исто така во износ од 20.000 евра, додека вкупната донација кон оваа здравствена институција изнесува 40.000 евра.






– Како компанија веруваме дека токму во овој период кога бројките на заболени лица од вирусот се сѐ поголеми, овој вид донации се од голема помош на институциите како и на здравствениот персонал. Во овој период кога сме изложени на ризик по нашето здравје, кога се бориме со еден невидлив непријател, единството и солидарноста се особини кои ќе ни помогнат полесно да го надминеме овој предизвик. Оваа „нова реалност“ во која живееме, секојдневно ни покажува дека секој дел од  општеството е важен и меѓусебе поврзан и токму затоа секоја подадена рака е еднакво важна – наведуваат од компанијата.

Поврзани содржини