Приведен пијан жител на Ѓорче, навредувал полицајци

620

Полицијата привела алкохолизирано лице во скопската населба Ѓорче Петров кое ги навредувало и омаловажувало униформираните службеници кои  на пријава на граѓани го предупредиле за нарушување на јавниот ред и мир, соопшти МВР.  Полициските службеници постапувале по пријава на граѓани за нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика.

„При преземање на активности, полициски службеници биле навредувани и омаловажувани од лицето К.Ј., кое било под дејство на алкохол. Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

Поврзани содржини