Од 12 новозаразени од Куманово, десет се од Липково

330

Од вкупно 12 заболени кои ги евидентира Центарот за јавно здравје Куманово како новозаболени во последниве 24 часа, 10 се од Општина Липково, двајца се од  Општина Куманово, информираше директорот на здравствената установа Ариф Љатифи. Тој кажа дека и починатиот пациент на 71 година е од Општина Липково.

– Интензивно се вршат тестирања, се земаат брисеви, мобилните екипи се на терен. Досега на подрачјето на Липково има 50-тина активни случаи од вкупно 114 заболени. Заболените се од познати кластери. За разлика од Куманово, во Липково има поинтензивни семејни врски. Во еден двор може да има по четири до пет куќи, дворовите се поврзани, тоа придонесуваше за ширење на вирусот – изјави Љатифи.

Поврзани содржини