Данаиловски: Може да се стави карантин на улици, не мора на цела општина

1,747

Што помасовно тестирање на популацијата, преку репрезентативен примерок, на пример по еден член во семејството, можеби е добро да се постават пунтови за тестирање во секој град, или пак да се тестира еден процент од вкупна популација, од секој регион рамномерно. Така ќе можеме да ги лоцираме и да ги изолираме контактите.

Тоа е предлогот на епидемиологот, професор Драган Данаиловски за тоа како да се стави под контрола ширењето на коронавирусот.






Тој вели дека на граѓаните им недостига информација за реалната опасност од ковид-19 и истакнува дека Комисијата за заразни болести би требало уште ден-два да следи како ќе се одвиваат работите, за да процени дали се потребни карантински мерки.

– Но селективно, под карантин може да се стават одделни улици, маала, не мора цела општина. Апелирам до сите релевантни фактори, до политичарите, до здравствените работници, сите да се сплотиме и да се симнеме меѓу луѓето, да разговараме со нив и да ги направиме сојузници влијателните локални луѓе, бизнисмени, попови, оџи. Нив мора да ги ставаме на своја страна, а обичниот граѓанин од нив да слушне дека вирусот е опасен и дека мора да ги почитуваме мерките за да се заштитиме од него. Ако промашиме на тој план, којзнае што ќе се случува – рече Данаиловски.

Тој вели дека иако е голем бројот на новозаболените, за разлика од првиот бран, сега има точно лоцирање на изворите на зараза:

Поврзани содржини