Директорот на финансиска полиција Арафат Муареми во самоизолација

660

Директорот на финансиска полиција Арафат Муареми е во самоизолација откако бил во контакт со Мухамед Зекири.






„Сакам да ве известам дека во последните денови имав контакт со Мухамед Зекири пред да стасаат неговите позитивни резултати за ковид-19. Затоа решив да се самоизолирам според сите протоколи на релевантните институции. Немам никакви симптоми, а оваа недела ќе направам тест во Институтот за јавно здравје“, напиша Муареми на својот профил на Фејсбук.

Тој му посака на Зегири и на неговото семејство побрзо закрепнување.

Поврзани содржини