Вирусот ковид-19 ќе пристигне повторно кон крајот на летото?
Додека ние сè уште живееме во време на првиот бран на пандемијата, а случаите сè уште растат, инфекциите би можеле одеднаш и значително да скокаат во секое време, пренесе „CNN“.
Коронавирусот повторно ќе се појави кога ќе заврши летото, а експертите за заразни болести се скоро сигурни, но не знаат колку е сериозна ситуацијата, објави „CNN“.
Светската здравствена организација (СЗО) понуди мрачна хипотеза за тоа како може да изгледа коронавирусот во следните неколку месеци.
Додека ние сè уште живееме во време на првиот бран на пандемијата, а случаите сè уште растат, инфекциите би можеле одеднаш и значително да скокаат во секое време, пренесе „CNN“.
– Може да има друг бран на овој начин – рече Мајк Рајан, извршен директор на Светската здравствена организација во понеделникот.
Нов пик на инфекцијата би значел ненадеен скок во случаите, што повторно може да ги преоптовари здравствените системи и на крајот да предизвика повеќе смртни случаи.
Вториот пик би можел да биде полош од првиот, и дали ќе има зголемување на случаите во есен зависи од тоа што правиме сега.
Во второто сценарио на пикот, случаите на коронавирус би се појавиле нагло и брзо додека не достигнат нов максимум, веројатно по период во кој стапката на инфекција беше прилично стабилна.
Во вториот бран, инфекциите постепено можат да се развиваат и да влијаат на различни региони во светот во различни периоди.
За време на вториот пик, многу поголем број на луѓе би можеле да бидат заразени со ковид-19 во исто време, за време на сезоната на грип, што би извршило голем притисок врз здравствените системи, според „CNN“.