Џонсон: Време е Британија да продолжи понатаму
Она што треба да го направиме е да продолжиме - рече Џонсон.
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека е време Британија да тргне натаму од „премногу фрустрирачката епизода“ во која неговиот најблизок соработник Доминик Камингс беше обвинет за прекршување на мерките воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот.
– Тоа е многу фрустрирачка епизода и разбирам дека луѓето се загрижени затоа што земјата минува низ многу тешко време – рече Џонсон пред парламентарната комисија.
Тој додаде дека британското општество мора да се фокусира на давање вистинска порака.
– Она што треба да го направиме е да продолжиме – рече Џонсон.