Имам надеж и очекување, координирано, во согласност со спецификите на секоја од државите, од 15 јуни да се врати нормалното движење во рамките на Европската унија и со соседните земји кои имаат сличен епидемиолошки ризик, изјави министерката за надворешни работи Екатерина Захариева за БГНЕС.
– Ова е многу важно. Конечно, немаме за цел да се вратиме на ситуацијата од пред позитивните податоци за намалување на бројот на заразени – рече Захариева одговарајќи на прашањето дали се очекува укинување на карантинот за бугарските туристи кои патуваат во Турција, Македонија и Албанија, како што веќе се случи за четири други држави на Балканот.
Според неа, дури и да се олесни движењето, сето тоа ќе се одвива во согласност со физичката дистанца, барањата во авионите, хотелите и сите барања што секоја земја ќе ги одреди за речиси цело лето.
Таа потсети дека Министерството за надворешни работи препорачува до бугарските граѓани да патуваат само во краен случај.
– Европа веќе не е во центарот на кризата, како што беше пред околу три недели. Сега има континенти кои се многу потешко погодени. Не е случајно што Европската комисија издаде препораки до земјите-членки за постепено олабавување на мерките што ги презеде секоја земја. Една од целите е да се врати слободниот заеднички пазар – едно од најважните достигнувања на Европската унија, но тоа мора да се направи одговорно и со проценет ризик – рече Захарова.
Таа додаде дека на иницијатива на бугарскиот премиер започнале разговори Грција, Романија и Србија, кои се со сличен епидемиолошки ризик.
– Внимателно ги следиме процесите. Ние сме исто така во контакт со Република Северна Македонија, за граничните работници, рече Захариева.