За време на полициски час запален познат скопски ресторан (ВИДЕО)

Сопственикот се пожалил дека надлежните не го гонеле сторителот по службена должност за потешко дело како „предизвикување општа опасност“, туку го советувале дека поради малата штета треба да гони приватно.

2,440

Рано утрово околу 3:15 часот, непознат маскиран сторител со бензин го полеал и подметнал пожар на угостителскиот објект Опера бар кој се наоѓа во склоп на објектот на Националната опера и балет. Пожарот не ја зафатил внатрешноста на објектот. Биле повикани пожарникари, а огнот веќе се изгаснал.

Порталот А1он објави видео од безбедносните камери на кои се гледа подметнувањето на пожарот, а сопственикот им се пожалил дека надлежните не го гонеле сторителот по службена должност за потешко дело како „предизвикување општа опасност“ туку го советувале дека поради малата штета треба да гони приватно. Според сопственикот има голема материјална штета бидејќи стаклата биле испукани, пишува порталот.






Од СВР Скопје ни потврдија дека инцидентот е регистриран и се работи на него. По налог на дежурната обвинителка, делото е заведено како „оштетување туѓи предмети“ кое се гони по приватна тужба и за кое е предвидена или парична казна или затворска казна до 3 години доколку има потешки последици.

Подметнатиот пожар се случил во време кога е полициски час, а сторителот дошол од правец на јавното обвинителство и МНР.

Поврзани содржини