Парарелна реалност за време на карантин во северниот дел на Скопје
Отворени продавници и луѓе по улици и паркови, ова е сликата што ја затекна екипата на Телевизија Телма во обиколка на северниот дел на градот.
Забраната за движење која деновиве е продолжена поради празникот Рамазан Бајрам не воведе целосен ред на улиците на Скопје.
Отворени продавници и луѓе по улици и паркови, ова е сликата што ја затекна екипата на Телевизија Телма во обиколка на северниот дел на градот.
Најголем метеж имаше во Чаир и Топаана.
Мерките против ковид-19 не се почитуваа во целост ниту утрово, во часовите во кои беше дозволено движење, а кои граѓаните ги искористија за чествување на муслиманскиот празник и одбележувањето на денот на Св. Кирил и Методиј.
Во џамија се влегуваше и без заштитни маски и не секаде се одржуваше дистанца. На литургијата во чест на сесловенските браќа Св. Кирил и Методиј пак, се бакнуваше крстот.