Филипче: Пет пациенти се излекувани со крвна плазма

Плазмата дава резултати – сите лица кои имаат оздравено од овој вирус може да даруваат. Упатувам апел, да даруваме и да спасиме човечки живот, порача Филипче.

498

Пет пациенти од коронавирус се излекувани со крвна плазма, информираше министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

„На Институтот за трансфузиона медицина, денеска го пуштивме во употреба новиот клеточен сепаратор за плазмаферза. Во време кога сѐ уште се соочуваме и се бориме со ковид-19, апаратот ќе се користи за донирање на конвалесцентна плазма, а по завршување на пандемијата ќе се користи за донирање на стандардна плазма и тромбоцити. Плазмата дава резултати – сите лица кои имаат оздравено од овој вирус може да даруваат. Упатувам апел, да даруваме и да спасиме човечки живот“, напиша Филипче.






Поврзани содржини