Уште една идеја за физичка дистанца во рестораните – дали би јаделе вака? (ВИДЕО)
Ресторан во Америка смисли како гостите можат да седат, да јадат и да се дружат додека се наоѓаат на одредено растојание.
По капите за физичко дистанцирање кај кинеските ученици и во кафулињата и рестораните во Германија, со цел да се почитува оваа мерка, се појави уште една иновација.
Ресторан во Америка смисли како гостите можат да седат, да јадат и да се дружат додека се наоѓаат на одредено растојание.
Сопственичката на ресторанот „Fish Tales Bar & Grill“, Дона Харман, изјави за медиумите дека на гостите им се допаѓаат овие „столови “.
– Мислам дека сето ова е навистина кул и забавно, а луѓето сакаат да фотографираат вака. Во исто време, нашиот персонал ќе биде оддалечен од гостите – вели таа.