Вархеји: ЕУ и Западен Балкан посилни ќе излезат од кризата

Тој во говорот нагласи дека пандемијата на коронавирусот јасно потврдила дека ЕУ и Западен Балкан можат да работат заедно, да најдат заеднички решенија и да се потпираат едни на други.

175

За време на видео-конференцијата на земјите од Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји оцени дека кризата поради пандемијата ковид-19 не ги намали напорите или амбициите на ЕУ кон регионот на Западен Балкан, што е „во срцето на Европа“.

– Кризата ја натера Комисијата и јас лично да работиме уште повеќе. Задоволство ми е што можам да кажам дека земјите од регионот не се предадоа, но цврсто се придржуваа кон нивните обврски за ЕУ – рече Вархеји.






Тој во говорот нагласи дека пандемијата на коронавирусот јасно потврдила дека ЕУ и Западен Балкан можат да работат заедно, да најдат заеднички решенија и да се потпираат едни на други.

– Тоа значи дека ние исто така можеме да се опоравиме заедно и да излеземе од оваа криза посилно – рече комесарот Вархеји.

Комесарот за проширување оценува дека соработката и поддршката на ЕУ и Западен Балкан во борбата против пандемијата се одвива во вистински дух на солидарност.

Поврзани содржини