Мицкоски: Ни треба стратегија за после јуни, а не мерки за поткуп на гласачи

409

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечера во интервју на ТВ Телма порача дека државата треба да има стратегија како да се излезе од кризата, предизвикана од пандемијата на коронавирусот, а мерките кои, како што оцени, се задоцнети и се класичен поткуп на гласачи.

– Задоцнивме многу со сетот мерки, сега нам веќе мерки не ни требаат, сега нам ни треба стратегија, затоа што мерките требаше да се донесат досега, за да можеме да застанеме на нозе кога сето ова ќе помине, за да може да поделите плата вие треба да имате приход. Ако приходите се намалени, прашање е како ќе поделите плата, такви се илјадници. Компаниите два месеца ги оставивте да се снаоѓаат кој како знае и умее и сега сакате да ја поттикнете потрошувачката со 50 евра џепарлак. Потребна ни е статегија што ќе се случува после јуни, кои ќе бидат следните чекори. Јас не гледам дека некој го поставува тоа прашање, се ова што сега се прави е политиканство среде пандемија  – оцени Мицкоски.

 

 

Поврзани содржини