Филипче: Во 12 градови веќе нема ковид-19, утре почнуваме со масовен скрининг
Во следниот период очекуваме стабилна и мирна состојба во однос на епидемијата. Бидејќи капацитетите за тестирање се растеретени, од утре почнуваме со масовен скрининг – започнуваме со вработените во детските градинки, напиша Филипче.
Заклучно денеска во 12 градови каде имаше заболени, веќе нема активни случаи на ковид-19, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за да го задржиме овој тренд.
„Во следниот период очекуваме стабилна и мирна состојба во однос на епидемијата. Бидејќи капацитетите за тестирање се растеретени, од утре почнуваме со масовен скрининг – започнуваме со вработените во детските градинки“, напиша Филипче.