Пет грешки што ги правите кога имате алергија

802

И додека некои ѝ се радуваат на пролетта, таа за многумина е синоним за проблеми со алергијата. некои се фаќаат за глава. Пролетта е време во кое се активираат алергиите, а сè повеќе луѓе имаат проблем со сезонски алергии. Животот може да ви стане неподнослив, доколку сте алергични, а ги правите следниве грешки за кои не сте ни свесни дека ги правите.

Поленот и надворешните алергени како прашината можат да го направат вашиот живот неподнослив ако правите грешки за кои, всушност, не сте ни свесни дека ги правите.






Иако некои може да почувствуваат благи или потешки симптоми на алергија, важно е да знаете дека можете да си помогнете ако ги избегнувате следниве грешки:

1. Оставате отворен прозорец

Воведете правило во сезоната на алергии – прозорецот да не го оставате  отворен. Дури и ако не сте дома, прозорецот не го оставајте отворен, бидејќи поленските зрна ќе влезат внатре без разлика дали вие сте дома или не. Особено немојте да отворате прозорецот доколку надвор е сончево и ветровито.

2. Го вклучувате клима-уредот

Иако пролетните денови се топли и можат да бидат непосдносливи, особено за луѓето со астма или алергии, немојте да го вклучувате клима уредот. Клима уредите се штетни за луѓето со проблеми, посебно затоа што при нивното чистење се користат разни хемиски средства.

Иако температурите можат да бидат неподносливи за сите луѓе во текот на летните денови, лицата кои страдаат од алергии или имаат астма не треба да го вклучуваат клима-уредот. Овој апарат е штетен, а особено за астматичарите кога при чистењето на клима-уредот користиме силни хемиски средства. Воедно, наглите промени во температурата се штетни за овие луѓе. Клима-уредите во секој случај не се најдоброто решение за лицата со алергии, затоа што тие се почувствителни. Како алтернативно решение, се препорачува да се инсталираат филтри за полен во системот за вентилација. Во автомобилот вклучете го клима-уредот само ако имате филтри за полен.

3. Вежбате во погрешно време

Ако сакате да вежбате на отворено, внимавајте на временските услови и периодот од денот. Избегнувајте излегување од дома рано наутро или попладне, бидејќи тогаш има најголема концентрација на полен во воздухот. Колку што е потопло и поветровито, дотолку е полошо. Излезете надвор доцна попладне или навечер, бидејќи тогаш обично е намалена количината на полен.

4. Го одложувате користењето на лекови

Треба да избегнувате користење на лекови со „задоцнување“,  кога веќе практично не сте во состојба да дишете. Кога знаете дека доаѓа сезоната на алергии, погрижете се за вашето здравје навреме. Превенцијата е најдобриот лек. Ако пиете таблети за алергија, започнете да ги користите веќе две недели пред да се појави поленот во воздухот. Доволно е само да земете една таблета на ден. Тоа има ефект, велат алерголозите, кои истакнуваат дека е голема заблуда дека алергијата не може да се излекува. Со имунотерапија, алергиите можат да се излекуваат. Луѓето кои страдаат од алергија одат во Словенија, која од 2005 година спроведува ваков вид на лекување.

5. Дома имате кадифени играчки

Кадифените играчки се слатки и меки, но, за жал, тие најчесто само лежат на полиците или креветот и собираат прашина, која е најчестиот поттикнувач на алергијата. Ако вашето дете или кој било друг домашен член има алергија, најдобро е да ги отстраните кадифените играчки. Евентуално можете да му дадете на детето да си одбере една или две кадифени играчки кои ќе ги перете одвреме-навреме.

Поврзани содржини