АПИС донира медицинска опрема во вредност од 200.000 евра

Исто така, Казино Фламинго Хотел, на наша иницијатива во месец март и беше отстапен на Владата и беше успешно користен како карантин со сите највисоки светски епидемиолошки стандарди - додаваат од АПИС.

238

Како општествено одговорни компании, Групацијата НОВОМАТИК во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) и АПЕКС Македонија целосно се свесни за тешкотиите со кои се соочуваат јавните здравствени институции, длабоко почитувајќи ги натчовечките напори на докторите и медицинскиот персонал во беспоштедната борба со вирусот ковид-19, и покрај тешките моменти за нашите компании, денеска соопштија дека започнуваат со голема акција за донирање на болнички кревети и средства за дезинфекција во повеќе здравствени капацитети во Република Северна Македонија.

– Силно веруваме дека во овие моменти на сите ни е потребна солидарност, заедништво и истрајност за да поефикасно се справуваме со сите предизвици. Упатуваме благодарност до Министерството за здравство, менаџментот на здравствените институции, градоначалниците и општините, кои ни помагаат во спроведувањето на хуманитарната акција. Се надеваме дека со овој наш потег ќе дадеме придонес во зајакнување на капацитетите на јавното здравство. Сите сме потенцијални пациенти, а оваа пандемија не потсети колку е важен јавниот здравствен систем за заштитата на нашето здравје – се вели во соопштението.






Менаџерите на овие компании сметаат дека е нивна обврска да ја покажат високата општествена свест во овој период кога државата и институциите кои се справуваат со огромни предизвици за здравјето и економијата.

– И покрај сите предизвици, уште на почетокот на кризата одлучивме да и помогнеме на Владата на Република Северна Македонија, со тоа што на нашите вработени им ги зачувавме работните места и покрај тоа што веќе два месеца нашата дејност не работи и не остварува приход. Исто така, Казино Фламинго Хотел, на наша иницијатива во месец март и беше отстапен на Владата и беше успешно користен како карантин со сите највисоки светски епидемиолошки стандарди – додаваат од АПИС.

Во соопштението велат дека светската пандемија на вирусот ковид-19 ја стави на тест цивилизацијата. Исклучително важно е сите да извлечеме поука, да излеземе посилни од кризата и никогаш да не заборавиме дека сме пред се луѓе кои треба меѓусебно да се помагаат и поддржуваат. Ништо не е поважно од животот и здравјето!

Поврзани содржини