Катица Јанева го тужи Боки 13 поради неовластено снимање

587

Катица Јанева го тужи Бојан Јовановски за неовластено снимање.

– Приватната кривична тужба е поднесена на 13 март 2020, заради неовластено снимање. Досега судот уште нема преземени дејства – рече Ирена Фрчковска, бранител на Јанева.






Судот на денешното рочиште одби и дел од доказите доставени од страна на обвинетата Катица Јанева, а прифати да се презентираат како докази извод од сметката на Константин Делкиџаков (татко на Јанева) и приватна тужба од Катица Јанева кон Бојан Јовановски-Боки 13.

Следното рочиште е закажено за 7 мај, кога обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 ќе треба да ја даде својата одбрана.

Поврзани содржини