Филипче им оддава чест на здравствените работници кои се се грижат за сите нас и се борат за секој живот

Во услови кога светот се бори со коронавирусот е повеќе очигледно дека мерките за безбедност можат да спасат многу животи. Апелирам уште еднаш до сите работодавачи и работници целосно да ги спроведуваат протоколите за безбедност, посочува Филипче. 

361

На Светскиот ден за безбедност и здравје на работа им оддавам чест на сите мои колеги здравствени работници кои се во првите борбени редови против коронависусот. Тие несебично се грижат за сите нас и се борат за секој живот, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој им порачува на здравствените работници да бидат особени внимателни на работните места.






Граѓаните секогаш да носат заштитна опрема, да имаат навремена и искрена комуникација со своите лекари. Безбедната и здрава средина е важна за секое работно место. Во услови кога светот се бори со коронавирусот е повеќе очигледно дека мерките за безбедност можат да спасат многу животи. Апелирам уште еднаш до сите работодавачи и работници целосно да ги спроведуваат протоколите за безбедност, посочува Филипче. 

Поврзани содржини