Закрепна едномесечното бебе од Тајланд, болно од ковид-19
Стратегијата што се користеше за лекување на ова дете беше терапија со лекови 10 дена - изјави денеска Визал Муласарт, педијатар кој го лекуваше бебето во Институтот за инфективни болести Бамсарнарадура во Бангкок.
Едномесечното бебе од Тајланд, кое беше најмладиот пациент со коронавирус, успешно е излекувано од болеста благодарение на тим лекари и употреба на коктел од антивирусни лекови.
После консултации со лекари и други медицински експерти, тимот одлучи да користи четири антивирусни лекови за лекување на бебето.
– Стратегијата што се користеше за лекување на ова дете беше терапија со лекови 10 дена – изјави денеска Визал Муласарт, педијатар кој го лекуваше бебето во Институтот за инфективни болести Бамсарнарадура во Бангкок.
– Секојдневно го прегледувавме бебето и три до пет дена после тоа рендгенските снимки покажаа знаци на постепено закрепнување – додаде лекарот.
И покрај предизвиците во лекувањето на деца под една година, поради неможноста да се применат одредени лекови, Визал рече дека симптомите кај малите деца обично се помалку тешки отколку кај возрасните.