СЗО: Серолошките тестирања не дадоа резултати какви што очекувавме

Првичните податоци зборуваат за мал процент на популацијата кој бил инфициран. Не повеќе од два или три отсто – вели директорот на СЗО.

1,028

Изгледа дека само мал дел од светската популација, дури два или три отсто , во крвта имаат антитела кои покажуваат дали биле инфицирани со коронавирусот, објави Светската здравствена организација и со тоа ги урна надежите дека имунитетот на стадо ќе се забрза со попуштањето на мерките, пишува Гардијан.

– Релаксирањето на мерките не значи и крај на епидемијата во било која земја – вели директорот на СЗО Тедрос Адхан.






Но, серолошките тестирања кои требаше да покажат колкав е размерот на популацијата која е инфицирана со коронавирусот и развиле антитела – што би требало да значи и дека развиле одреден имунитет – сугерира дека таа бројка впрочем е мала.

– Првичните податоци зборуваат за мал процент на популацијата кој бил инфициран. Не повеќе од два или три отсто – вели директорот на СЗО.

Директорката Мариа Ван Керхов, американски стручњак за инфектовни болести вели дека мислеле дека бројот на инфицираните луѓе ќе биде поголем, но нагласила дека е прерано за дефинитивни заклучоци.

– Гледаме дека помал процент на луѓе имаат антитела отколку што очекувавме. Помалку луѓе имале инфекција – вели Ван Керкхов.

Универзитетот во Станфорд во петокот објави резултати на една ѐе уште нерецензирана студија спроведена во Санта Клара, која покажала дека со коронавирусот биле заразени 50 до 85 пати повеќе луѓе отколку што покажуваат официјалните бројки.

Но и така високите бројки значат дека само три отсто од вкупната популација на регионот била инфицирана и развила антитела на вирусот. Студијата спроведена во Холандија на 7.000 доброволци кои дарувале крв исто така покажала дека антитела развилесамо околу три отсто од луѓето.

Ван Керхов вели дека треба внимателно да се разгледа како се спроведени студиите.

– Бројни студии упатуваат на тоа дека само мал процент на луѓе бил во контакт со вирусот и равиле антитела – вели таа и додадла дека тој процент во некои земји како Германија и Франција расте до 14 проценти.

Затоа е многу важно да се види како истражувањата се направени. Во тоа секако би требало да се вклучи и сознанието каско се избрани луѓето кои ќе се тестираат. Станува збор за случајно одбрани луѓе или тие кои дарувале крв биле здрави? Треба да се види и како тестовите се правени.

Ван Керхов вели дека ниту присуството на антитела во нечија крв не мора да значи дека тоа лице е имуно на вирусот.

– Многу земји кои предлагаат користење на брзи серолошки тестови го прават тоа за да можат да одредат каков е имунитетот на населението. Но за сега, нема докази дека серолошките тестови докажуваат и дека некој развил имунитет и дека е сигурен од оваа инфекција – вели таа.

Поврзани содржини