Приведено е едно лице кое играло во велигденското оро во Гевгелија во ек на полицискиот час, а откриен е идентитетитот на уште неколку прекршители на забраната за движење.
На социјалните мрежи синоќа почна да кружи видео на кое се гледа како за време на тридневниот полициски час 20-тина жители на Гевгелија играат оро на улица, како да не важи никаква забрана за движење.
На крајот од видеото се слуша како еден од учесниците вели: „Полицијата нема да доаѓа, џабе им е. Не им е дозволено“.